Средба на премиерот Груевски со претседателката на албанскиот Парламент, Јозефина Топали

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска оствари средба со претседателот на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Јозефина Топали.

На средбата беше истакнато задоволство од развојот на добрососедските односи меѓу Република Македонија и Република Албанија, кои ги карактеризираат блиска соработка, бројни активности и иницијативи.

Претседателот Груевски ги истакна стратешките надворешнополитички  приоритети на Република Македонија за интеграција во ЕУ и НАТО, како и активностите што се превземаат во тој контекст. 

Двајцата соговорници разговараа и за економската соработка помеѓу двете земји, при што беше истакнат взаемниот интерес за интензивирање на соработката на ова поле.

Во таа насока беше подвлечено значењето и потребата за интензивирање на патното, железничкото и енергетско поврзување помеѓу двете земји, особено во делот на Коридорот 8.

Двајцата соговорници заклучија дека Република Македонија и Република Албанија треба да продолжат со взаемната поддршка и соработка во сферите на европските и евроатланските интеграции, како и интензивирање на економските релации.