Јавен повик бр.17/2023 за пријавување на заинтересирани лица за именување на 2 (два) члена на  Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор на  Јавното претпријатие за државни патишта

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.12.2023

Врз основа на член 17, член 17- а став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022 и 274/2022), член 17 и член 17 -а од Статутот на Јавното претпријатие за државни патишта бр.02-211/4 од 11.1.2013 година, бр.02-227/11 од 4.2.2015 година, бр.02-2397/9 од 12.3.2015 година, бр. 02-2684/6 од 14.3.2016 година, бр.02-11882/11 од 8.11.2018 година, бр. 02-9336/6 од 29.8.2019 година и бр. 02-11378/5 од 11.11.2022 година и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022), Владата на Република Северна Македонија распишува: 

Ј А В Е Н  П О В И К Бр.17/2023
за пријавување на заинтересирани лица за именување на 2 (два) члена на  Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор на 
Јавното претпријатие за државни патишта

1.Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, распишува Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 2 (два) члена на Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, со мандатот од четири години, со право на уште еден последователен мандат.

2. Назив на јавното претпријатие: Јавно претпријатие за државни патишта.
3. Шифра и дејност на Јавното претпријатие за државни патишта според Националната класификација на дејности (НКД) е:

   - 42.11- Изградба на патишта и автопати.

4. Надлежности на Јавното претпријатие за државни патишта се:
   - Управување со државните патишта;
   - Предлагање на петгодишната програма за развој и одржување на државните патишта;
   - Постојано следење и контролирање на состојбите на државните патишта
   - Преземање мерки за рационално користење на средствата наменети за државните патишта;
   - Вршење инвеститорски работи од областа на државните патишта;
   - Наплата на надоместоците за користење на јавните патишта;
   - Задолжување кај домашни странски финансиски институции;
   - Организирање на изработка на студии и проекти за изградба, реконструкција, рехабилитацијата, одржување, заштита и наплата на патарина со право истите да ги отстапува на физички и правни лица во согласност со закон;
   - Давање на вршење на работите за изградба, реконструкција, рехабилитацијата и одржување на државните патишта на правни лица во согласност со закон;
   - Предлагање одлука за започнување на постапка за давање на концесија и/или други видови на јавно-приватно партнерство;
   - Издавање одобренија одобрувања и мислења во согласност со законот за јавните патишта;
   - Организирање на активности поврзани со вршење на броење на сообраќај, заштита на државните патишта, катастар на државните патишта и формирање на неопходни бази на податоци;
   - Применување и користење на систем за управување со одржувањето на коловозите PMS и систем на управување со одржувањето на мостовите (BMS); 
   - Поддршка за изградба, реконструкција и рехабилитација на патишта кои не се државни патишта, врз основа на обврски произлезени од закон.

5. Веб страна на Јавното претпријатие за државни патишта www.roads.org.mk

6. За член на управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
   - да е државјанин на Република Северна Македонија,
   - има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
   - во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
   - членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

  • два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика),
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

7. За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
   - да е државјанин на Република Северна Македонија,
   - има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и
   - во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност
   - членовите во Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие треба да имаат и соодветно работно искуство и тоа:

  • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно Националната класификација на дејностите на Државниот завод за статистика,
  • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и 
  • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

8. Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:
   1) Образец за пријавување;
   2) Кратка биографија;
   3) Писмо за интерес/мотивација за позицијата за која аплицира; 
   4) Уверение за државјанство; 
   5) Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува;
   6) Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
   7) Историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж;  
   8) Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација
   9) Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

9. Документите од точка 8 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 2 (два) члена на Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта “.  

10. Членовите на Управниот одбор/надзорниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие- Владата на Република Северна Македонија.

11. Член на Управниот одбор/надзорниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор. 

12. Неспојливи се функцијата претседател и член на Управниот одбор/надзорниот одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија. 

13. Работните задачи, одговорности и обврски на членовите на Управниот одбор/надзорниот одбор се утврдени согласно Законот за јавните претпријатија, Статутот на јавното претпријатие и Деловникот за работа на Управниот одбор.

14. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта, примаат надомест за работата и членството во Управниот одбор a согласно Одлука на Управниот одбор бр.02-6055/9 од 30.6.2023 година, и тоа: претседател: 18.000,00 денари, заменик претседател: 17.000,00 денари и член: 15.000, 00 денари.

15. Членовите на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта, примаат надомест за работата и членството во Надзорниот одбор a согласно Одлука на Управниот одбор бр.02-6055/10 од 30.6.2023 година, и тоа : претседател: 18.000,00 денари, заменик претседател: 17.000,00 денари и член: 15.000, 00 денари.

16. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 

17. Повикот ќе биде објавен на веб страната на Владата на Република Северна Македонија и на веб страната на Јавното претпријатие за државни патишта www.roads.org.mk

18. Краен датум за пријавување е 25.12.2023 година.

19. Постапката на селекција на кандидатите за членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта ќе го спроведе Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој на Владата на Република Северна Македонија и истата се состои од две фази, и тоа: Фаза 1 - административна селекција и Фаза 2 – интервју. За кандидатите за кои при административната селекција се утврди дека не ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик или не ги доставиле потребните докази, постапката на селекција завршува. Административната селекција завршува најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик. Комисијата, најдоцна десет дена од денот на завршување на административната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција. Начин на бодување на секоја од фазите на селекција е утврден согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022).

20. Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб- страницата на основачот на јавното претпријатие.

21. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: