Јавен оглас бр.06/2024 за именување на директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
01.02.2024

Врз основа на член 15 од Законот за филмската дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.69/2004, 22/2007, 115/2007, 51/2011, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 156/2015, 193/2015, 53/2016 и 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/2019), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.06/2024
за именување на директор на Агенцијата за филм
на Република Северна Македонија

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, со мандат од две години.

2. За директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
   1)  да е државјанин на Република Северна Македонија;
   2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
   3) да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на филмот или на општествените науки или правен факултет со положен правосуден испит или економски факултет;
   4) да има минимум пет години работно искуство во областа на филмот или правото или економијата;   
   5) да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години: 
    - ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода, 
    - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, 
    - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво, 
    - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
    - БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или 
    - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

3.За директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1_3.pdf

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1_3_0_2.docx

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
   1) Пријава по оглас,
   2) Кратка биографија,
   3) Мотивациско писмо,
   4) План и програма за идна работа,
   5) Уверение за државјанство, 
   6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
   7) Диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на филмот или на општествените науки или правен факултет со положен правосуден испит или економски факултет,
   8) доказ дека има минимум пет години работно искуство во областа на филмот или правото или економијата,
   9) меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    - ТОЕФЕЛ ИБТ - најмалку 74 бода,
    - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
    - БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    - АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија “.  

6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018, 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022, 213/2022, 78/2023 и 277/2023).

9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.

11. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.