Средба Џафери - Ќехаја: Северна Македонија и Косово работат на продлабочување на економската и добрососедска политика

Премиерот на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Н.Е. Флориан Ќехаја.

На средбата беше истакнато дека двете држави имаат позитивни и конструктивни билатерални односи, отворен дијалог, меѓупарламентарна соработка, како на билатерално, така и на мултилатерално ниво.

Соговорниците истакнаа дека ќе продолжи посветеноста на двете држави на натамошно продлабочување на односите меѓу Косово и Северна Македонија, пред сé на унапредување на трговската размена, соработката во доменот на енергетиката и економијата.