Владата ја одржа својата 33 седница: Отпочнува реализацијата на пречистителна станица за отпадни води во Скопје; Обезбедени финансиски средства за итна набавка на инкубатори за ГАК и за други здравствени установи

 

 

Владата на Република Македонија на денешната 33 седница ја разгледа и усвои информацијата за реализација на проектот “Пречистителна станица за отпадни води во Скопје”.

 

На денешната седница на владата е разгледана и прифатена информацијата за склучување на билатерален договор за ко-финансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија.

 

Владата го задолжи министерот за финансии веднаш да ја извести Делегацијата на ЕУ во Скопје дека Владата на Република Македонија ја започна постапката за обезбедување на финансиски средства за целосна изградба на пречистителната станица во Скопје со секундарен третман на отпадни води.

 

За реализација на овој значаен проект, Владата ги задолжи Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање, веднаш да подготват и достават барање до Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициона банка и КфВ банката за да достават заедничка понуда за подготовка и финансирање на проектот со заем, инвестициски грант и грант за техничка помош.

 

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, за да се обезбедат финансиски средства за набавка на соодветните инкубатори во итна постапка за Државната клиника за гинекологија во Скопје, како и за дел од останатите јавни здравствени установи во државата.

 
Категорија: 
Галерија со слики: