„Со носителот на листа се слушнав некаде околу пладне околу 12 часот, не очекував дека сето тоа треба да го претворам во естрада дека треба да кажам еве се слушнав“, истакна премиерот Христијан Мицкоски во Само Интервју на Канал 5 ТВ на прашање за изборите во Србија.
„Повеќе би бил би кажал дека е протоколарен разговорот бидејќи јас не го познавам господинот Срдановиќ, тој е носител на на листата која што победи на изборите. Ние сме соседи, наши интереси се нашите домашни прашања, се надевам дека во иднина ќе имаме уште подобра соработка и добрососедски односи. Она што мене ме интересира најмногу од тоа се билатералните односи во делот на економијата. Ценам дека сегашниот потенцијал можеме да го зголемиме уште повеќе“, истакна Мицкоски
За тоа дали разговарал со Александар Вучиќ и за односите со сестринската партија во Србија, Мицкоски со одговор: мене ме интересира конкретно Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние имаме односи какви што имаат две сестрински партии, какви што имаме со ХДЗ, какви што имаме со ГЕРБ, со било која сестринска партија, ЦДу ЦСУ од Германија, со СДС партијата на Јанша од Словенија, и секаде каде што сум повикан да помогнам ние ќе поддржиме. Не сум разговарал, но тоа не значи дека нема да разговарам, претпоставувам кога во рамките на Европската Народна Партија ќе се видиме дека ќе разговараме“, рече Христијан Мицкоски во Само Интервју на Канал 5ТВ.