Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Владини комисии

  • Комисијата за политички систем разгледува предлози за донесување закони, нацрт-закони, предлог-закони и други прописи и општи акти од областа на политичкиот систем, како и прашања во врска со спроведувањето на политиката за извршување на законите, другите прописи и акти на Собранието и на Владата од областа на надворешните работи, одбраната и безбедноста и и предлага на Владата соодветни мислења по прашањата од овие области; прашања во врска со организирањето и спроведувањето на подготовките од областа на одбраната што се од надлежност на Владата; прашања што се однесуваат на функционирањето на парламентарната демократија и на владеењето на правото; децентрализација на власта и развојот на локалната самоуправа; изградувањето на правниот систем и законодавството; прашања од областа на внатрешните работи; судскиот систем; прашања од информативниот систем; организацијата и функционирањето на државните органи и реформата на јавната администрација; усогласувањето на националната политика со политиките на Европската унија; усогласување на правниот систем со законодавството на Европската унија; остварувањето на политиката за извршувањето на законите и другите прописи на Собранието и на Владата; како и други прашања од интерес за развојот на овие области и и дава мислења и предлози на Владата за решавање на прашањата од нејзината надлежност.

 

  • Комисијата за економски систем и тековна економска политика разгледува предлози за донесување закони, нацрт-закони, предлог-закони и други прописи и општи акти од областа на економскиот систем и развојната политика, како и разгледува прашања што се однесуваат на: стратешките приоритети и мерките за нивна реализација; поттикнување на одржлив економски развој и порамномерен просторен и регионален развој, научниот и технолошки развој; утврдување на материјалните, енергетски и други биланси; заштитата на животната средина и одржливиот развој; финансиите, даночната политика, земјоделието; економските односи со странство, светски интегративни процеси; процесот на интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската унија и усогласувањето на националната политика со политиките на Европската унија; урбанизмот; банкарството и осигурувањето; кредитно-монетарната политика; девизната и царинска политика; кредитните односи со странство; долгорочни хартии од вредност; пазарот и цените, јавната потрошувачка; техничката култура и иновациите; ги следи вкупните стопански движења и предлага мерки на економската политика преку донесувањето и спроведувањето на макроекономската политика; ја следи материјалната положба на стопанството и јавната потрошувачка преку донесувањето и извршувањето на Буџетот на Република Северна Македонија, програмите за финансирање на одделни дејности и намени од интерес на Република Северна Македонија, (јавните служби од материјалното производство); станбено-комуналните работи, животниот стандард; туризмот; имотно-правните односи; усогласувањето на правниот систем со законодавството на Европската унија; и и дава мислење и предлози на Владата за решавање на прашањата од нејзина надлежност; како и други прашања од интерес за развој на овие области.

 

  • Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој разгледува предлози за донесување закони, нацрт-закони, предлог-закони и други прописи и општи акти од областа на образованието, науката, уметноста, културата, младите и спортот, организацијата и условите за работа во овие области и стручното усовршување на работниците во нив; вработеноста и вработувањето; здравствената заштита; социјалната сигурност и социјалното осигурување; посебната заштита на децата; здравственото, пензиското и инвалидското осигурување; социјалната заштита на борците, воените инвалиди и цивилните жртви во војната; усогласувањето на правниот систем со законодавството на Европската унија, организацијата и условите за работа во овие области и стручното усовршување на работниците во нив; се грижи за положата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Северна Македонија; го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив; се грижи за остварување на економските и социјалните права на граdаните на Републиката во странство; потребите за што поефикасно остварвање на реинтеграцијата и репартијацијата на повратниците и иселениците; материјално и друго обезбедување на одделни определени категории повратници и иселеници, како и за други лица за кои дава согласност за прифаcање, помагање и поттикнување; разгледување на договори со кои се воспоставуваат материјални обврски на Република Северна Македонија, а кои се однесуваат на повратниците и иселениците и во врска со тоа соработува со соодветните органи и организации во Република Северна Македонија како и дава мислења и предлози на Владата за решавање на прашања од нејзина надлежност.

 

Комисии формирани со посебна одлука на Владата на Република Северна Македонија

 

  • Комисија за информатичка технологија
  • Комисија за борба против недозволено производство,трговија и злоупотреба на дрогата
  • Посебна комисија за утврдување на условот владеење на македонскиот јазик за стекнување на државјанство на Република Северна Македонија
  • Национална комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија

Претседател на комисијата: Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора

Генерален секретар на комисијата: м-р Билјана Прентоска

За членови:

1. Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и просторно планирање
2. Владимир Лазовски, заменик министер за култура
3. Александар Бајдевски, заменик министер за информатичко општество и администрација
4. Фатон Фазлиу, шеф на Кабинет на министерот за култура
5. Светлана Гелева, Министерство за надворешни работи
6. Назиктере Сулејмани, Министерство за образование и наука
7. Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно  планирање
8. Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт
9. Џеладин Ајвази, заменик национален координатор за борба против екстремизам и тероризам
10. Христијан Ѓоргиевски, советник во Канцаларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија
11. Ацо Костов, Управа за заштита на културното наследство
12. Даниела Николова, вршител на должноста директор на НУ Музеј на македонската борба 
13. Мартин Пановски, Асоцијација на архитекти на Република Северна Македонија

 

Посебните Комисии на Владата на Република Северна Македонија

 

  • Комисија за станбени и иселенички прашања одлучува за давање под закуп станови во сопственост на Република Северна Македонија на лица избрани и именувани за вршење на јавни и други функции утврдени со Уставот и законот; социјално загрозени лица и станбено необезбедени, согласно Законот за социјална заштита и Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства; на лица на кои им престанало станарското право согласно Законот за денационализација; лица од подрачја прогласени за погодени од природни непогоди и епидемии, како и на вработени во државните органи, кои вршат посебни должности неопходни за остварување на основната функција на органот.

 

  • Комисија за именување ги разгледува прашањата од областа на кадровската политика од надлежност на Владата; ѝ дава мислење на Владата, односно поднесува предлози до Владата за именување, назначување или разрешување од должност директор на орган на државната управа и нивни заменици; генералниот секретар на Владата, неговиот заменик и државните секретари; работоводни органи на јавни претпријатија што ги именува, односно назначува Владата, или што се именуваат по претходно мислење, предлог или во согласност со Владата; се грижи за спроведување на заклучоците на Владата во врска со кадровската политика; подготвува предлози на решенија за плати и други надоместоци на директори и нивни заменици на орган на државна управа, генералниот секретар на Владата, неговиот заменик и државните секретари; ги разгледува прашањата во врска со имунитетските права на членовите на Владата; и и дава мислења и предлози на Владата за решавање на прашања од нејзина надлежност.


  • Комисијата за приватизација ги разгледува условите и начинот за приватизација на општествената сопственост; предлага законски и други мерки за нејзино реализирање; согледување на состојбата на претпријатијата опфатени со програмите за приватизација на сопственоста; дава мислење за развојните програми кои се кандидати за финансирање од Агенцијата за приватизација, ја разгледува Годишната програма и Финансиската програма за работа на Агенцијата за приватизација на Република Северна Македонија, ја оценува нејзината работа, го предлага начинот на продажба на акциите и уделите стекнати врз основа на државниот капитал, одделно и заедно со акциите и уделите издадени на Агенцијата; предлага на Владата да именува претставници во претпријатијата, односно друштва во кои има акции и удели стекнати врз основа на државен капитал, како и акциите и уделите издадени на Агенцијата; врши и други работи од нејзината надлежност утврдени со закон.


  • Комисијата за наменско производство ги следи состојбите и развојот на производството за вооружвање и воена опрема во мир; развојот и оспособувањето на основните и дополнителните капацитети наменети за производство за вооружување и воена опрема, како и на производството санитетски материјали и други производи, опрема и услуги за потребите на одбраната.

Мени за пристапност