Почитуван претседател на Владата Христијан Мицкоски,
Почитувани министри, заменик-министри и присутни,
Честит 22 Ноември – Денот на Албанската Азбука.
Овој ден претставува важен момент во образовниот и културниот развој на нашата земја. Тој нè потсетува дека стандардизираниот јазик не е само средство за комуникација, туку неопходен чекор кон модернизација на општеството и изградба на функционални институции.
Во градот Битола, каде денес се наоѓа Музејот на азбуката, беше поставен темелот на современото писмо на албанскиот јазик. За нас, Битолскиот конгрес останува еден од најважните настани од почетокот на 20 век, кој му даде структура и стандард на албанскиот јазик и кој директно влијаеше врз образовните и културните процеси.
Оваа одлука беше рационален чин, насочен кон создавање стабилност и функционалност во употребата на јазикот, кој подоцна стана суштински инструмент за образованието и јавната комуникација.
Овој ден го одбележуваме за да го истакнеме еден суштински принцип – во една мултиетничка држава како Република Северна Македонија, јазичната еднаквост е дел од функционалната демократија и од европските стандарди за човекови права.
Модерните држави го мерат квалитетот на нивната демократија не само преку функционалноста на институциите, туку и преку начинот на кој ги третираат јазиците на заедниците што коегзистираат во нив. Во тој контекст, јазичната еднаквост не е симболично прашање – таа е демократски принцип и практика што ја приближува нашата земја кон иднината што ја посакуваме.
Јазикот е средство за вклучување, не за исклучување; јазикот е мост за комуникација, не граница меѓу заедниците. Нашата Влада има за цел да обезбеди еднакви услови за развој на сите јазици кои се употребуваат во земјата, како дел од една современа визија за соживот и демократско институционализирање.
22 Ноември е јасен потсетник дека развојот на еден јазик, неговото стандардизирање и институционалната почит претставуваат дел од процесите што градат стабилна држава. Исто така, овој ден нè потсетува дека нашата одговорност денеска е да создадеме средина во која секој граѓанин може да придонесе, да се образува и да живее без да се чувствува маргинализиран поради својот јазик или идентитет.
Овој ден е можност и да изразиме почит кон сите Албанци кои го одбележуваат овој датуми и придонесуваат за заедничкиот развој на земјата. Изградбата на стабилно и современо општество бара дијалог, заемна почит и подготвеност за да работиме заедно.
По повод овој значаен ден за албанскиот народ, користам можност да упатам сакам да упатам повик да живееме заедно, да градиме заедно и да чекориме кон нашата заедничка европска иднина.
Во мое лично име, како Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, со голема чест и длабока почит им го честитам на сите Албанци празникот 22 номеври Денот на Албанската Азбука.