Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: АРМ се засилува, STRYKER како симбол на модернизација и партнерство со САД

Мицкоски: АРМ се засилува, STRYKER како симбол на модернизација и партнерство со САД

Добар ден и од мене.

Би сакал јас од мое име да изразам задоволство што еве конечно STRYKER се тука, што ќе дојдат и дополнителна количина со што значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија. Голема благодарност до војската, до војниците, до старешините, до генералите, до Министерството за одбрана, до министерот, до луѓето коишто се околу него, заменикот, државниот секретар, колегите од Владата, се разбира и огромна благодарност исто така и до нашите стратешки партнери САД, амбасадата на САД кај нас за сета поддршка и целата логистика којашто ни ја даваат.

Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста практично, ја зголемува мобилноста на самата армија и на тој начни стануваме поконкурентни споредено со другите армии. Ние како Влада ќе продолжиме и во иднина да инвестираме во нашата македонска Армија, цениме дека тоа е многу значајно, сакаме да имаме целосно нова современа опрема се разбира во рамките на можностите на буџетот и сите оние критериуми коишто се бараат до 2032 година да бидат од наша страна исполнети, тоа што сега претставува минимум, ние сме многу над тој минимум и сме во тие земји коишто инвестираат повеќе од тој минимум што беше до сега 2% од БДП за разлика од некои други земји коишто се уште не го постигнале тој минимум.

Така што еве уште еднашка честитам за сето ова и посакувам успешно да се користат и на овој начин да ја опремуваме нашата македонска Армија.

Мени за пристапност