Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски на промоција на комунална опрема: Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред

Мицкоски на промоција на комунална опрема: Ја наследивме државата на колена, но денес Македонија оди напред

Добар ден и од мене.
 
Изминативе 26 месеци се боревме со распаднати и уништени институции, со држава ограбена и клекната на колена, довршувавме проекти коишто беа започнати и заборавени, градевме експресни патишта, делници од пруга и продолжуваме да градиме експресни патишта и делници од пруга.
 
Продолживме со автопатските секции, отпочнуваме нови автопатски секции и бевте сведоци пред некој ден на една таква нова автопатска секција којашто ја започнавме, следниот месец ќе ставиме камен-темелник и на уште една друга автопатска секција, реконструиравме болници за ограбеното и уништено поради лоши политики здравство, знаете нема да ве потсетувам на стари криминални политики кога бевме држава којашто беше буквално на дното по начинот на справување со корона-кризата, а на врвот по бројот на починатите за време на корона-кризата, ограбени граѓани, уништена, девастирана економија со погрешни економски политики, агресивни даноци, солидарни даноци и што ли не се правеше периодот кој сите ние брзо сакаме да го заборавиме, но дојде Влада којашто се зафати веднаш за работа и да го коригира сето она коешто беше оставено од претходната, би рекол, криминална влада на СДСМ и ДУИ.
 
Еден од водечките проекти на почетокот на оваа Влада беше децентрализирање на средства од државниот буџет кон општините и на тој начин успеавме да обезбедиме проекти од половина милијарда евра коишто се децентрализираа од централниот буџет кон општините за капитални инвестиции, тука не застанавме, продолживме и понатаму да работиме со општините, еден од проектите со којшто можеме исто така да се пофалиме е и овој проект којшто денеска го претставуваме за подобра животна средина, за поголема хигиена во нашите општини.
 
Им честитам на сите оние коишто ќе добијат нова механизација, нови алатки да се справуваат со сметот, повикувам и на општествена одговорност и на граѓанска одговорност затоа што нашата животна средина е наша животна средина и треба да си ја чуваме сите, подеднакво да бидеме одговорни кон истата. Тука не застануваме, продолжуваме и понатаму, следен чекор е испораката на автобусите коишто би требало многу скоро да почнат да се испорачуваат до општините за организирање на еколошки јавен градски превоз, тука мислам на електричните автобуси, така што можам уште многу да зборувам, но суштината е таа дека од клекната, ограбена и распадната држава во којашто пред 26 месеци ни беше главен предизвик, а којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ, денеска можеме да кажеме дека Македонија после 3 години е подобро место за живеење од пред 3 години, јас ви гарантирам дека за 3 години ќе биде уште подобро место за живеење од денеска.
 
Сакам да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на колегите од Владата, на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, на заменичката во Министерството за транспорт, на градоначалниците, се разбира, на директорката на Светска банка во регионот, на сите оние коишто ги поддржуваа овие проекти, на пратениците коишто исто така даваа огромна поддршка и даваат, во рамките на парламентот се борат за проект повеќе за својата општина, за своето мало, за својата улица. Јас сум убеден дека во периодот којшто следи ќе продолжиме да го испорачаме сето тоа коешто го ветивме. Знам дека не е идеално, знам дека тешко се живее, впрочем и никогаш не било полесно, но ние сме тука да го оставиме срцето на терен и да направиме сè што е во наша моќ да подготвиме проекти како овој, сигурен сум и убеден сум дека тоа ќе се стори.
 
Ви благодарам и на вас медиумите што ја следите работата на Владата и уште еднашка нека е со среќа и нека е аирлија и уште многу вакви проекти да промовираме.
 
Ви благодарам.

Мени за пристапност