Добро вечер од Берлин, штотуку заврши настанот којшто го организираше канцеларот Фридрих Мерц. На настанот се разговараше за глобалните предизвици, безбедносната состојба во светот.
На самиот настан беа присутни претставниците и специјални преговарачи во случајот со Украина на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Она кое е исто така важно е фактот дека на настанот се вклучи преку телефонска линија и претседателот Доналд Трамп којшто брифираше од неговата средба со рускиот претседател и кинескиот претседател.
Навистина постојат многу глобални предизвици во светот, но добро е што Македонија е на масата и заедно со останатите учествува во решавање на овие глобални предизвици.
Ова ќе биде тешка зима, тешка зима насекаде во Европа, тешка зима и за Македонија.
Но, она коешто е важно е дека ние работиме на тоа да граѓаните оваа зима ја поминат како што ги поминуваат сите зими во нормални услови без разлика на предизвиците во светот.
Иако би рекол дека денес во светот се води тивка, трета светска војна, сепак ние успеваме да најдеме начин, да креираме стратегија со којашто ќе го олесниме стандардот на македонските граѓани.