Добар ден и од мене,
Почитувани претставници на медиумите, јас немам што да додадам повеќе од тоа што го кажаа и градоначалникот, амбасадорот на Европската Унија и министерката за образование, освен да се заблагодарам на сите вклучени во овој проект. Навистина делува импресивно. Од тоа што бев информиран, скоро 5 милиони евра се инвестирани од страна на Владата во соработка со Европската Унија во овој модерен Регионален центар за образование.
Јас само сакам да им порачам на оние коишто ќе го стекнуваат своето знаење тука да напредуваат, бидејќи тие се генерациите на коишто ќе се потпира оваа држава. Тоа се генерациите коишто треба да ја развиваат земјата, а ние како Влада ќе продолжиме да поддржуваме ваков тип на проекти и ќе сториме сè што е во нашата моќ ваков тип на проекти да бидат наше секојдневие.
За многу кратко време, ова е второ средно училиште во Тетово коешто е реконструирано и реновирано. Заедно со Општина Тетово, градиме уште две нови средни училишта овде во Општина Тетово.
Но, и покрај ова коешто досега е инвестирано, сакам да кажам дека инвестираме и во булевари, инвестираме во улици, инвестираме во друг тип на проекти. И ќе продолжиме да инвестираме во проекти во Општина Тетово.
Благодарност и до градоначалникот и до мнозинството во Советот, којшто ја поддржува работата на градоначалникот, до администрацијата, до Министерството, до колегите во Владата.
Луѓето ги паметат по нивните дела. Зборот понекогаш знае да боли, но доколку е небитен, брзо се заборава, а делата остануваат вечни и тие се паметат.
Јас би сакал да останеме запаметени по делата, а овие дела не можеме да ги игнорираме колку и да сакаме.
Ви благодарам.