Добар ден од мене до сите вас, добар ден до граѓаните.
Уште еден од проектите кои се довршуваат и се пуштаат во функција, во употреба. Нормално дека човек не може да не биде задоволен кога ќе направите нешто добро, корисно за заедницата. Гледате дека веќе има и млади луѓе кои што го користат овој објект.
Така што еве, јас посакувам уште многу вакви проекти во периодот кој што следи да ги отпочнеме и оние кои што се отпочнати да ги дозавршиме бидејќи сите оние ветувања кои што се давани треба и да се реализираат. Така што во таа насока е и овј проект. Што се однесува до Владата ние продолжуваме посветено да работиме заедно со општините во насока на завршување на проектите кои што преку две програми во суштина и два повика од Министерството за локална самоуправа беа објавени, некаде околу 350 милиони евра, со се сите оние други проекти кои што министерствата ги финансираат преку други програми, вкупната инвестиција директна, од владата во општините за капитални инвестиции е околу половина милјарада евра.
Од прилика тоа е инвестициската активност којашто оваа влада за овие не цели две години откако е избрана ја реализира заедно во соработка со општините. Така што, во насока ќе продолжиме и во периодот кој што следи.