Добар ден и од мене.
Би сакал да ја искористам оваа прилика да му честитам на сопственикот на овој објект, којшто ќе биде наскоро, денеска пуштен во употреба. Приватна инвестиција во делот на енергетиката, когенеративна централа. Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект, особено имајќи ги предвид предизвикувачките времиња коишто ни престојат оваа зима. Можевме да го разгледаме самиот објект, да се увериме во тоа што е инсталирано, во гасните мотори, во автоматиката, во сè она коешто инвеститорот го подготвил за следната грејна сезона. Се запознавме со неговите планови за проширување на инвестицијата.
Јас му честитам, ова е во насока на подобрување исто така и на квалитетот на животната средина, намалување на емисиите на штетни честички во воздухот и јас убеден сум дека вакви проекти се само додадена вредност во квалитетот на животот на нашите граѓани. Уште еднаш му честитам. Ние како влада ќе продолжиме да поддржуваме вакви проекти и нека е аирлија и да ни се множат уште повеќе вакви проекти.
Ви благодарам.