Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Пуштено е во употреба основното училиште „Крсте Петков Мисирков“

Мицкоски: Пуштено е во употреба основното училиште „Крсте Петков Мисирков“

Добар ден и од мене. Ова се моменти кога сето она што го почнувате гледате како има форма и суштина.

И навистина за мене претставува задоволство да заедно со градоначалникот, со министерката, со пратениците, со граѓаните, советниците на Општина Гази Баба бидеме присутни овде и да го пуштиме овој објект којшто го започнавме.

Значаен е уште повеќе затоа што до пред некој година овде постоеа само бараки коишто се оставени тука од времето на земјотресот практично, 50 и повеќе години, децата учеа во би рекол субстандардни услови, за разлика од тоа што денес може да го видите, навистина едни европски услови.

Е сега останува само тоа да се одржува и да се чува.

Ние продолжуваме и понатаму да градиме, она коешто го прави оваа Влада се повеќе од 1.200 проекти коишто ги работиме заедно со општините како резултат на децентрализација на средствата од централниот буџет кон општините.

И тоа е наш приоритет и така и понатаму ќе продолжиме како Влада да функционираме.

Моја голема благодарност до градоначалникот на општина Гази Баба, до советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, до пратениците во македонското собрание.

Исто така голема благодарност до колегите од владата, до министерството за образование и најголема благодарност до жителите на Ченто, Гази Баба што имаа трпение и што денеска можев да видам многу среќни и радосни лица. Претпоставува многу голем дел од нив и тука го оформиле своето образование, сега се родители чиишто деца тука го оформуваат основното образование во услови коишто се многу подобри од оние кога тие го оформувале своето основно образование.

Така што уште еднаш нека е со среќа и уште многу вакви објекти да пуштаме.

Остануваа уште некои детали, на пролет да зазелени, оградата да се смени, можеби паркингот за вработените, но и тоа нам дека ќе се заврши бидејќи верувам во работата на градоначалникот.

Мени за пристапност