Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“

Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал“

Благодарам и од моја страна и до медиумите што сте тука.

Јас можам да го искажам своето задоволство, затоа што „Костал“ верува во Охрид, верува во Македонија, верува во својот бизнис тука и продолжува да го зголемува своето производно портфолио.   

Сепак, станува збор за компанија којашто генерално е семеен бизнис со голема традиција. Моментално ако ја анализираме нивната состојба во 2024 година, доаѓаме до обрт од околу 3,5 милијарди евра што е значајна работа. 

Нивните цели овде во Македонија се импресивни, да обезбедиме нови 200 работни места, да дојдеме до обрт којшто би бил поголем од 300 милиони евра и ние како Влада апсолутно сме тука да помогнеме во реализирањето на овие цели, бидејќи тоа за нас како држава значи многу.       

Мени за пристапност