Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Со новата опрема од ЕУ за Царината ја засилуваме борбата против организираниот криминал

Мицкоски: Со новата опрема од ЕУ за Царината ја засилуваме борбата против организираниот криминал

Добар ден на сите,

почитувани претставници на медиумите,

почитуван амбасадоре Рокас,

почитувани претставници на институциите,

колеги од Владата,

За мене претставува особена чест и задоволство што можам денеска да се обратам на овој настан. 

Ќе се потрудам да бидам краток бидејќи техничките параметри за опремата и начинот како е стигната оваа опрема овде, на овој граничен премин веќе претходните говорници ги кажаа. 

Би сакал да им честитам на колегите од царината, да со оваа опрема практично ја зголемат ефикасноста и борбата да ја интензивираат против организираниот криминал и корупцијата. 

Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија. 

Вие сте практично на првата линија на одбраната на законот и на владеењето на правото и затоа ќе треба во таа насока да продолжите и во периодот којшто следи да се движите. За жал имаме и такви случаи кога има поединци коишто се одлучуваат да бидат сојузници на криминалот и криминалците, се надевам дека тоа се само мали, несреќни епизоди и исклучоци. 

Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и порано или подоцна сакам јасно да кажам на македонската јавност и на граѓаните дека тие ќе бидат фатени изведени пред лицето на правдата. 

Да се занимавате со криминал мора да биде неисплатлива работа и тоа е главната цел на оваа Влада. 

Би сакал да се заблагодарам и на амбасадорот Рокас, за неговата поддршка, за сето тоа што го прави за нас и за земјата, да се заблагодарам на директорот на царината, заедно на сите царински службеници, луѓе кои чесно си работат и се грижат за иднината на земјата, на министерката за финансии којашто заедно со мене во владата дава несебична поддршка за работењето на царината.

Јас би сакал да кажам дека и во иднина ќе продолжиме исто така да ја поддржуваме работата на царината и очекувам од царината на овие добри резултати уште подобри резултати за да сите заедно дојдеме до одлични резултати иако до сега можам да кажам сме исклучително задоволни од сработеното на македонската царина. 

Така што еве нека е со среќа користењето на новата опрема, на донацијата од страна на Европската унија и да докажеме сите заедно дека професијата да се биде криминалец е неисплатлива.

Мени за пристапност