Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите кои одговараат на потребите на граѓаните

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите кои одговараат на потребите на граѓаните

Добар ден и од мене.

Ќе ми дозволите во оваа прилика да му честитам на градоначалникот за исклучително успешната работа којашто ја прави овде во Општина Кратово. Да се заблагодарам на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, да се заблагодарам и на администрацијата се разбира којашто секогаш е тука за да помогне во процесот на реализирање на проектите.

Моето присуство, присуството на потпретседателот на Владата, на останатите членови на Владата и пратениците во македонското Собрание е исклучително значајна порака за Кратово и кратовчани дека како Влада ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите коишто одговараат на потребите на жителите во оваа општина како што и самиот градоначалник кажа. Неколку проекти се реализираат од средствата како Влада ги пренасочивме од централниот буџет кон општините и тој процес ќе продолжи во годините коишто следат.

Наш интерес како Влада е интересот на граѓаните. Сето она коешто претставува нивна потреба ние тоа да го реализираме. Така што уште еднашка еве нека е честито пуштањето во функција на овој прекрасен објект и уште многу спортисти и таленти да изникнат од оваа спортска сала и од овој спортски објект.

Ви благодарам.

Мени за пристапност