Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика

Мицкоски: Втор ден, отвораме втора градинка – оваа Влада води јасна про-семејна политика

„Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест,  повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да правиме и создаваме услови за најмладите, за најмилите. Тоа се нашите деца. Како Влада водиме јасно определена про-семејна политика, политика која подразбира брак, деца, затоа што тоа е иднината на државата и иднината на нацијата. Се останато претставуваат вредности кои, со сиот ризик повторно да бидам критикуван, оваа влада не може да ги промовира. Оваа Влада ќе промовира секогаш про-семејни вредности, вредности за кои што мислиме дека претставуваат основа и темел на една нација и една држава.

Покрај оние бесплатни шест ин витро процедури, од три зголемивме на шест, продолжуваме со отворање на нови градинки и елиминирање на листата за чекање, тоа кое што се обврзавме во програмата. Вчера беше Кочани, конечно после сите перипетии се отвори таа градинка за 114 дечиња, денес е оваа надградба на постојната градинка во Таринци, општина Карбинци за нови педесетина дечиња. Утре ве поканувам во скопско Сопиште, исто така отвораме градинка и продолжуваме во периодот кој што следи. Кога на ова ќе се додадат и оние книги кои што ги добија првоодделенците дека семејството преставува “мајка, татко, сестра, брат и јас“, тогаш јасно ги дефинираме политиките на оваа Влада и во таа насока ќе продолжиме и во иднина да промовираме таков тип на политики.

Би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот, да им се заблагодарам и на министерот и на заменик министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, што со својот  фокус и со својата работа во рекордно време ја пуштаме оваа надградба на постоечката градинка со капацитет за 50-тина дечиња. Во таа насока очекувам да продолжиме и во годините кои што следат. Ќе повторам, иднината се децата, нашите најмили и во таа насока ќе продолжиме да ги водиме политиките.  Честитам и на советниците во Советот, на администрацијата која што ја поддржува работата на градоначалникот, на пратениците кои што доаѓаат од овој дел на Македонија, на директорката на сите кои што се дел од оваа успешна и убава приказна овде во Општина Карбинци.“

Мени за пристапност