Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров

Мицкоски: Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров

„Добар ден и од мене,

Уште еден од низата проекти коишто беа планирани за реализација. Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, на пратеникот којшто доаѓа од општината Ѓорче Петров, на колегите од Владата, на министерството за образование и наука, за посветената работа, трудот којшто го вложуваат, поддршката којашто ја даваат, бидејќи не е лесно да се износат сите овие проекти до фаза на реализација.

Очекувам дека наскоро и овој проект ќе биде готов, како што кажа и градоначалникот сите оние технички и би рекол инфраструктурни капацитети коишто ќе ги има овој објект ќе бидат додадена вредност во образовниот процес на нашите најмили, а тоа се децата.

Така што ние како Влада продолжуваме посветено да работиме, тоа што го ветивме тоа и го исполнуваме.“

Мени за пристапност