Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Митева: Доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, мерката создава вистински резултати

Митева: Доделени вкупно 33.682 ваучери за студенти, мерката создава вистински резултати

Почитувани претставници на медиумите,

 Почитувани граѓани,
 
Дозволете најнапред да истакнам дека најавувањето на оваа мерка за која што денеска ќе зборуваме беше мојата прва прес-конференција како портпарол на Владата, и искрено сум горда што денес можам да потврдам дека една од најзначајните мерки за младите, мерката за ваучери за електронски уреди за студентите се реализира одлично и согласно сите предвидени динамики.
 
Според последните податоци, заклучно со вчерашниот ден се доделени вкупно 33.682 ваучери во вредност од 15.300 денари.
Од нив, веќе 11.500 студенти успешно го реализирале ваучерот и веќе подигнале нов електронски уред.

Овие бројки јасно покажуваат дека интересот е огромен, имплементацијата стабилна, а мерката создава вистински резултати.

Оваа мерка не е случајна ниту импровизирана, туку прецизно и навремено испланирана од страна на Генералниот секретаријат на Владата, во блиска соработка со Министерството за дигитална трансформација и Министерството за образование и наука. Оваа институционална координација овозможи: брза организација на постапките, јасни критериуми за студентите, технички усогласен систем за доделување и реализација на ваучерите и висока транспарентност на процесот.

Со добро поставен систем и силна соработка меѓу институциите, мерката стана пример како државата може ефикасно, модерно и одговорно да испорача политики кои директно го подобруваат животот на граѓаните.
 
Владата покажа дека инвестициите во знаење, технологија и млади се приоритет, а исполнувањето на ова ветување е доказ дека државата функционира во служба на граѓаните. Ја намалуваме дигиталната нееднаквост и ја поттикнуваме дигиталната трансформација.
 
Како Влада ќе продолжиме  со следење на реализацијата кај овластените трговци, обезбедување постојана поддршка за студентите и подготовка на нови политики насочени кон дигитализација и модернизација на образованието.
 
Почитувани,

Покажавме дека кога државата планира внимателно, координирано и со јасна цел, резултатите се видливи и опипливи. Мерката функционира, интересот е голем, очекуваме максимална искористеност на мерката од сите студенти, а имплементацијата е пример за успешна меѓуинституционална соработка.

Мени за пристапност