Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Влада: Усвоена е новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Влада на Република Северна Македонија

Почитувани,

 

Денес се одржа 84-та владина седница.

 

Со цел обезбедување услови и градење на институционални капацитети за спроведување финансиски истраги, конфискација на имот, поврат на имот и управување со конфискуваниот имот, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025-2028 со Акциски план.

 

Владата на Република Северна Македонија со овој документ ја потврдува својата определба за борба против организираниот криминал и корупција, стремејќи се преку системски пристап да се зајакнуваат надлежните институции за спроведување финансиски истраги што би резултирало со конфискација на нелегално стекнатиот имот.

 

И најдобриот стратешки документ е само парче хартија доколку нема резултати од имплементација на зацртаните цели и активности.

 

Оттука, го унапредуваме степенот на мониторинг, па покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот се воведува и Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот.

Мени за пристапност