Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Алиу во Гостивар: Обезбедивме современа медицинска опрема вредна половина милион долари за четири регионални болници, во партнерство со Проект ХОПЕ

Алиу во Гостивар: Обезбедивме современа медицинска опрема вредна половина милион долари за четири регионални болници, во партнерство со Проект ХОПЕ
Денеска во Општата болница во Гостивар присуствуваме на настан по повод обезбедена медицинска опрема за четири регионални болници, опрема којашто има многу конкретна и човечка вредност, а тоа е зајакнување на грижата за мајките, новороденчињата и најранливите пациенти во регионалните болници. Во партнерство со Проект ХОПЕ, преку проектот Перимак, обезбедена е современа медицинска опрема во вкупна вредност од околу половина милион американски доларинаменета за четири регионални болници – Гостивар, Велес, Струмица и Струга. Само за Општата болница во Гостивар вредноста на опремата изнесува околу 130 илјади американски долари, изјави министерот за здравство Азир Алиу во рамки на посетата на Општата болница Гостивар.
Тој посочи дека станува збор за ехо апарати, инкубатори, вормери, монитори за пациенти и новороденчиња, ЦТГ апарати, инфузиони пумпи, родилни кревети, апаратура за фототерапија и друга медицинска опрема, обезбедена како резултат на долгорочното партнерство во проектот Перимак. Во рамки на оваа соработка досега е обезбедена медицинска опрема во вредност над 3,5 милиони американски долари и се обучени повеќе од 1000 здравствени работници.
-Како Министерство за здравство, нашата определба е регионалните болници да бидат силни, функционални и добро опремени. Затоа, секоја ваква поддршка ја гледаме како дел од пошироката политика за подостапно и поквалитетно здравство во целата држава, додаде министерот Алиу кој упати благодарност до Проект ХОПЕ за континуираната поддршка.
 
 

Мени за пристапност