Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Сали со директорот на УНДП Григоријан: Заеднички фокус на реформите, локалниот развој и зелената транзиција

Сали со директорот на УНДП Григоријан: Заеднички фокус на реформите, локалниот развој и зелената транзиција

Министерот за европски прашања и прв заменик-претседател на Владата, Беким Сали, оствари средба со постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григоријан, посветена на тековната соработка и идните приоритети во поддршката на реформските процеси.

Во разговорот беше истакната улогата на УНДП како еден од најзначајните партнери во спроведувањето на проекти насочени кон локалниот развој, социјалната инклузија, борбата против корупцијата и заштитата на животната средина.
Министерот Сали ја нагласи посветеноста на Владата на спроведување на Реформската агенда и на забрзување на европската интеграција, со фокус на владеењето на правото, јавната администрација и јакнењето на институционалните капацитети.
Соговорниците разговараа за усогласувањето на активностите на УНДП со националните приоритети и европската агенда, како и за можностите за натамошно унапредување на донаторската координација и заедничките иницијативи во клучни области.

Мени за пристапност