Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во емисијата Топ Тема на ТВ Телма, изјави дека вчера постигнатиот договор за зголемување на платите на административците е историски договор што ги засега над 11 илјади вработени во администрацијата.
„Вчера постигнавме историски договор за зголемување на платите на администрацијата, од кој ќе имаат корист над 11.000 вработени во администрацијата. За ова зголемување се издвоени 10 милиони евра“.
Со вчера постигнатиот договор, платите на административците ќе се зголемат за 40% во следните 3 години. Ова, според министерот Дурмиши, докажува дека може да се постигнат договори кога има волја од двете страни.
„Ова докажува дека економско-социјалниот дијалог е отворен и функционира, како и дека може да се постигнат договори кога има волја од двете страни“.
Дурмиши, исто така, повтори дека минималната плата ќе се зголеми и во март, според владините проценки, со зголемување од околу 1.500-2.000 денари, како што е предвидено со закон.