На внимание
Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија,
Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов
Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и на сите верници со католичка вероисповед во Македонија да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ.
Рождеството Христово е празник на љубовта и радоста, празник на спокојот и милосрдието, празник кој нè потсетува на вистинските патишта и нè учи да ги почитуваме високите морални вредности. Божиќ е денот на радоста во душата кај секој верник, кога во мир и спокој ја прима и се радува на веста за Христовото раѓање.
Оттаму Божиќната радост да ја споделиме со најмилите и најблиските, затоа што овој светол ден не учи на милосрдие и солидарност, на споделување и помагање на оние на кои тоа им е потребно, затоа што порачува да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и подалечните.
Во овие времиња најмногу ни се потребни токму овие вредности.
Затоа што добрината е нападната од нечесноста, затоа што делбите, притисоците и одмаздата станаа основна карактеристика на нашето општество, затоа што е присутно чувството на страв, немир и разочараност кај луѓето и зато што некои заборавија на разумот и на мудроста и сето тоа мора да престане. Повторно да завладее добрата мисла, благиот збор и трезвеноста. Да си го повратиме заедништвото и да го зацврстиме единството.
Вам и на сите верници кои денес го слават Божиќ Ви ги упатувам моите најсрдечни честитки. Ви посакувам многу мир и спокој, а денешниот празник да донесе многу радост во вашите срца и светлина во вашите домови.
Бог нека го осветли Вашиот пат.
Нека е благословен големиот христијански празник – Божиќ !
Љупчо Димовски
Заменик претседател на Владата
задолжен за политички систем