Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дурмиши: Довербата на странските инвеститори расте – 21 милион евра нова инвестиција во ТИРЗ Тетово

Дурмиши: Довербата на странските инвеститори расте – 21 милион евра нова инвестиција во ТИРЗ Тетово

Министерството за економија и труд го поздравува почетокот на новата инвестиција на компанијата CAVO Otomotiv во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово, која претставува значаен придонес кон економскиот развој на државата и дополнителна потврда за довербата на странските инвеститори во Северна Македонија.
Инвестицијата, која според најавите ќе достигне вредност од 21 милион евра, ќе овозможи отворање на околу 550 нови работни места и ќе придонесе за натамошен развој на автомобилската индустрија, еден од најдинамичните и најизвозно ориентирани сектори во светот.
Особено значајно е што инвестицијата ќе се реализира во ТИРЗ Тетово – единствената технолошко-индустриска развојна зона во државата која функционира по моделот на јавно-приватно партнерство и која е во надлежност на Министерството за економија и труд. Овој модел уште еднаш потврдува дека партнерството меѓу државата и приватниот сектор создава услови за реализација на крупни инвестиции кои директно придонесуваат за локалниот и националниот економски развој.
Компанијата CAVO Otomotiv е реномирана мултинационална компанија со повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и со производствени капацитети во повеќе земји. Одлуката дел од производството кое моментално се реализира во Турција и Словачка да биде пренесено во Северна Македонија претставува силен показател за довербата во домашната економија, квалификуваната работна сила и поволната деловна клима.
По повод објавувањето на инвестицијата, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, истакна дека Владата и Министерството остануваат силно посветени на создавање услови за нови инвестиции и одржлив економски раст.
„Оваа инвестиција е уште една потврда дека Северна Македонија станува сѐ попривлечна дестинација за компании кои носат современи технологии, нови производствени капацитети и квалитетни работни места. Одлуката на CAVO Otomotiv да инвестира токму во Тетово е јасен сигнал дека напорите за подобрување на деловната клима и создавање стабилна и предвидлива инвестициска средина даваат конкретни резултати.
Како Министерство за економија и труд, остануваме посветени на поддршка на инвестиции кои создаваат додадена вредност, генерираат извоз и отвораат добро платени работни места. Новите 550 работни места ќе значат нови можности за вработување, професионален развој и стекнување современи знаења и вештини. Нашата цел е јасна – повеќе инвестиции, посилна економија и подобар животен стандард за граѓаните“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.
Резултатите кои ТИРЗ Тетово веќе ги остварува дополнително ја потврдуваат важноста на зоната за регионалниот и националниот економски развој. Во текот на 2025 година компаниите во зоната реализираа производство во вредност од над 6,4 милијарди денари, извоз на производи и услуги од речиси 9 милијарди денари и обезбедија работа за 1.845 лица.
Овие показатели ја позиционираат ТИРЗ Тетово како значаен двигател на економската активност во Полошкиот регион и важен придонесувач во македонскиот извоз.
Министерството за економија и труд останува посветено на привлекување нови инвестиции и создавање услови за развој на постојните инвеститори, со цел да се обезбеди континуиран економски раст, поголема конкурентност на домашната економија и подобар животен стандард за граѓаните.
Министерит Дурмишу упати благодарност до сите институции вклучени во процесот на реализација на оваа инвестиција, како и до компанијата CAVO Otomotiv за довербата што ја укажува на Северна Македонија како своја нова инвестициска дестинација.

Мени за пристапност