Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Дурмиши: Нема да дозволиме да се зголемат платите на функционерите

Дурмиши:  Нема да дозволиме да се зголемат платите на функционерите

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, во емисијата Топ Тема на ТВ Телма, изјави дека Владата ќе го намали коефициентот на платите на функционерите, за да не им се зголемуваат платите заедно со минималната плата.

„Знаете дека според законот, со зголемувањето на минималната плата, автоматски се зголемуваат и другите плати, бидејќи платите на функционерите се пресметуваат со коефициент. Ќе ги намалиме коефициентите за функционерите, за да не се зголемуваат платите на функционерите“, рече Дурмиши.

Од март, минималната плата повторно ќе се зголеми за речиси 2.000 денари, како што е предвидено со законот. Заедно со неа ќе се зголемат и другите плати.

Инаку, министерот Дурмиши, во име на Владата, вчера постигна договор за зголемување на платите на околу 11 илјади административци, кои ќе се зголемат за околу 40% во следните 3 години.

Тој рече дека во текот на изминатата година, платите се зголемиле и во здравството, полицијата и армијата.

Дурмиши исто така потсети дека се зголемиле и пензиите и социјалната помош.

Мени за пристапност