Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонија се гради, магистралниот пат Охрид-Св.Наум од денес е пуштен во употреба

Влада на Република Северна Македонија

Почитувани,

 

Македонија се гради.

 

Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри.

 

Вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесуваше 11,7 милиони евра.

 

Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец.

 

Овие капитални проекти го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.

 

Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија.

 

Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме.

 

Државата е на патот на промените.

Мени за пристапност