Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Чагатај Кабло се проширува, инвестиција од 6 милиони евра и нови 200 вработувања

Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, поврзано со тоа дали може да се очекува нова странска инвестиција, нагласи: 

 

„Имаме инвестициски процес во периодот кој што ќе следи, а новата таква инвестиција ќе биде утре. Тоа е турската компанија „ Чагатај Кабло“, која што веќе функционира. Но, тие ќе најават проширување. Дополнителна инвестиција од 6 милиони евра, за нови 200 вработувања. Ќе направат нов погон, во кој што ќе го прошират својот произведен асортиман. И утре се гледаме таму, сите ве поканувам на камен-темелник.“

Мени за пристапност