Добар ден и од мене.
Би сакал да ја искористам оваа можност да му честитам на директорот, на вработените во оваа здравствена установа, за работата која што ја работат и за сето она коешто го прават за да корисниците услуги од оваа здравствена установа добијат достоинствени услуги, достоинствен третман.
Од 65-та наваму шајка не е закована, така што еве полека но сигурно почнуваме да ги реализираме тие приоритети. За жал не можеме преку ноќ сето она коешто со децении било уништувано да го исправиме, но еден по еден приоритет ги решаваме.
Така што, и во периодот којшто следи здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата. Ќе продолжиме да инвестираме. Веќе Буџетот надминува една милијарда евра годишно, кој што се инвестира во здравството. Имаме планови, имаме развојни проекти, кои во периодот што следи ќе почнат да се реализираат. Така што, ова е веќе во низа инвестиции во здравството коишто ги имавме овие две години. Во периодот којшто следи ќе имаме уште неколку вакви проекти.
Генерално би сакал да им честитам на сите коишто се вклучени во реализирањето на овие проекти, на министерот, порано како директор во Фондот за здравство, на здравствените работници, затоа што нас ни се овие проекти приоритетни и во таа насока ќе продолжиме да се движиме.