Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Мицкоски: Целосно е реновиран одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија

Добар ден и од мене, не можам а да не кажам дека сум исклучително среќен и задоволен од она што уште еден проект е заврши, уште еден објект е реновиран. 

Уште еден објект може да понуди поквалитетни услови за нега и грижа на пациентите. 

Нешто што со децении до сега не било нити помислено да е нешто реновира, а камо ли да се направи. Еве сега се заврши.

Слушнавте од претходниот говорник за тоа што се е направено, јас не би сакал да се повторувам. Би сакал да му честитам на директорот за сето она што го прави, инспирира со својата работа и очекувам така да продолжи и понатаму. 

Се разбира дека здравството е еден од нашите врвни приоритети и во периодот кој што следи сериозно сме посветени кон реконструкција на целокупниот здравствен систем, во рамките на тоа зборуваме за Клиничкиот центар во Штип, за клиничката болница Тетово, за здравствениот дом со проширена дејност во Кичево. 

Но, исто така работиме и на проект со кој што ќе се консолидираат конечно општите и заеднички служби при Клиничкиот центар тука во Скопје. 

Состојба која што беше наследена од претходната влада со десетици милиони евра долг. 

Но, исто така и во рамки на хортикултурното уредување, на енергетската ефикасност на самите згради кои што се во овој клинички центар бидејќи тоа е дел од реформската агенда, да секоја година реконструираме и реновираме отприлика и енергетски-ефикасни направиме повеќе од 3% од јавните објекти. 

Приоритетите биле дефинирани за првиот бран од претходната влада, сега ние ги дефинираме за вториот бран и Клинички центар ќе биде тој приоритет, се разбира. И продолжуваме и понатаму да работиме во делот на соодветна локација и преговори со приватни сопственици за таа локација да изградиме еден нов голем клинички центар, ја знаете локацијата која е. 


Така што сето ова очекувам во периодот кој што следи да биде завршено и на тој начин да продолжиме со инвестиции во рамките на здравството. 

Проблеми има, ќе повторам не е идеално, впрочем никаде не е идеално, проблемите се таложеле со децении, но добро е што не се создаваат нови, а старите се решаваат и во таа насока ќе продолжиме и понатаму да функционираме. 

Уште еднаш благодарам на директорот, на тимот, на персоналот, на сите доктори, на медицинскиот персонал кој што апсолутно додава вредност во сите овие проекти, кој што работи би рекол посветено да понуди услуга повеќе за оние на кои што таа услуга им е потребна и благодарност за трпението на пациентите кои што го имаат затоа што сепак е потребно е време сите овие проекти кои што со децении не биле би рекол ниту во оптиката на било кое претходно раководство, сега бидат реконструирани и пуштени во употреба. 

Така што еве, продолжуваме и во периодот кој што следи заедно со министерот, заедно со директорот на Фондот, заедно за директорите по болниците, со вработените, со лекарите,  со медицинскиот персонал да дадеме максимумот од тоа кое што можеме и го имаме на располагање.

Ви благодарам.

Мени за пристапност