Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Институциите да постапат за дивоградбите, никој нема да биде заштитен

Мицкоски: Институциите да постапат за дивоградбите, никој нема да биде заштитен

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во емисијата „Само интервју“, на телевизија Канал 5, каде меѓу другото запрашан и на темата за дивоградбите, посочи дека Владата води принципиелна политика, истото го препознаваат и граѓаните. И силно алудирајќи дека кога станува збор за прекршување на законот, никој нема да биде заштитен.

 

„Прво, ние како држава не постапуваме во тие случаи, МВР може врз основа на пријава и барање на ОЈО да дејствува и тоа го прави. Кога добива од страна на ОЈО барање, пријава итн., тогаш постапува. Јас колку што знам не е само во Чаир. Колку што знам дека МВР постапи или ќе постапува и во други општини врз основа на пријави“, вели премиерот.

 

Мицкоски истакна дека граѓаните добро ја препознаваат принципиелната политика на Владата, а секој оној кој се огрешил пред законот нема да биде заштитен.

 

„Ние водиме принципиелна политика, и тоа го препознаваат граѓаните. И никој нема да биде заштитен, и тоа сум го кажувал многу пати до сега. Кој и да е, што и да е, доколку сторил кривично дело. И тука нема дилема“, рече Мицкоски и додаде:

 

„Нашата цел како Влада, прва точка на спојување е борбата токму против тоа, против потенцијалната корупција. Секој којшто има различна амбиција не може да биде мој соработник.“

Мени за пристапност