Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Историски договор со здравствените синдикати е постигнат, од овој месец здравствените работници добиваат 10 % повисока плата и нови 5 % заклучно со мартовската плата

Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање на тема здравство, во однос на тоа дека е постигнат  договор со синдикатите и од кога ќе започне официјално да важи или да тече исплатата на повисоки плати за докторите и другиот медицински кадар, изјави:

 

„Да еден од низата на историски договори што во овие пет месеци ги постигневме е и тој со Синдикатот, односно со здравствените синдикати, бидејќи беа повеќе таму на број. Од овој месец, од ноември практично, здравствените работници добиваат десет проценти повисока плата и нови пет проценти заклучно со мартовската плата која што ќе биде исплатена во 2026 година. И во зависност од состојбата во Буџетот, продуктивноста и така натаму, во еден циклус од четири години можеме да дојдеме до педесет проценти повисока парична маса којашто ќе биде насочена кон докторите и медицинскиот персонал, да се разбереме и медицинскиот персонал болничарите, сестрите и така натаму. Така што еден од тие би рекол историски договори е и тој.“

Мени за пристапност