Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како го коментира интервјуто на Бранислав Јовановиќ поранешен висок функционер од СДСМ каде што признава дека поранешната влада на СДСМ и оставила долг на оваа влада за која до ден денешен плаќа камати, изјави:
Даден е пред некој ден интервју за медиум кој што важи за близок до опозицијата, во кое што советникот вели вака: кога дојдовме ние во министерството за финансии со тогашниот министер Тевдовски, каматите кои што ги плаќавме на долгот беа 120 милиони евра, а во 2026 година каматите кои што ова влада ги плаќа се 350 милиони евра. Самиот тој бидејќи ние сега каматите ги плаќаме од претходната влада, не возможно е ние сега што се задолжуваме за да се раздолжиме или да покриеме некои заеми од минатото сега да плаќаме, значи самиот тој признава дека за три пати го зголемиле долгот и обврските на оваа влада. Нешто што претставува признание на отворена сцена од страна на поранешен висок функционер во владата на СДСМ и ДУИ, кој што претходно беше во политичката партија Левица, па како голем финансиски експерт беше дел од тимот на Тевдовски, самиот на отворена сцена признава дека 2017тата година споредено со 2026 година, три спрема еден се во делот на каматите. Тоа е долгот што го оставила тогашната влада на СДСМ и ДУИ, и долгот што го плаќа оваа влада која што го наследи од владата на СДСМ и ДУИ.
Нема тука да навлегувам во егзибициите на нивната фискална политика кога стануваше збор за прогресивните даноци кога ја уништија буквално македонска економија, нема да зборувам на темата солидарен данок кој што ние го враќаме, а кои што тие го ограбија од македонската економија. Тоа ќе го оставам на страна. Еве тие се тие марихуана економски политики.