Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија, најавени и три нови производни капацитети

Добро вечер повторно од Диселдорф 

Денеска имавме исклучително успешен ден. Денот започна со билатерална средба со премиерот на покраината Северна Рајна -Вестфалија, која што во суштина е и најбогатата покраина во Сојузна Република Германија.

Имавме навистина исклучително корисна и плодна средба во која што ги истакнавме нашите добри билатерални односи, добро е да се каже дека Македонија е единствената држава од Западен Балкан од 6 држави која што има потпишано договор за ваков тип на билатерална и економска соработка. 

Тоа коа што можам да го кажам за Северна Рајна- Вестфалија е фактот дека е одприлика 10 пати поголема од Македонија, околу 18 милиони жители и е вистински економски гигант, номиналниот БДП е поголем од 900тини милијарди евра во 2025 година, ако нашиот беше околу 18 милијарди евра, тогаш зборуваме за 50 пати поголема економија, а БДП по глава на жител, ако нашиот е некаде околу 10.000 евра по глава на жител, овде во Северна Рајна- Вестфалија тој номинален доход по глава на жител е околу 50.000 евра, односно 5 пати поголем.

Можностите за соработка се големи. Се разбира после завршувањето на изборите овде во Северна Рајна- Вестфалија кој што се очекува да бидат во април месец следната година го поканив премиерот на Владата да ја посети Македонија и да разговараме за уште посуштинска и подлабока соработка помеѓу нашата земја и Северна Рајна- Вестфалија.

Понатаму, во текот на денот имавме состаноци со голем број компании кои што или се присутни или сакаат да отворат бизнис кај нас, меѓу нив би ја издвоил и средбата со компанијата Гересхајмер која што веќе има направено две инвестиции. Вкупната инвестициска вредност е околу 120 милиони евра, а вкупниот број на вработени околу 300тини. 

Но, тоа што е поважно е што тие имаат амбиција да направат нова дополнителна инвестиција на 100.000 метри квадратни каде што ќе го зголемат бројот на вработени до 500тини и ќе го триплираат практично обртот на својот бизнис кај нас, со што ќе контрибуираат позитивна и ќе додадат вредност во македонскиот БДП.

Исто така сакам да најавам ако биде се како што треба во декември нови три производни капацитети, кои што во својот полн капацитет кога ќе го достигнат во својот врв на инвестицијата ќе вработуваат повеќе од 1.000, но она што е поважно добро платени работни места.

Така што продолжуваме да се бориме за Македонија овде во Германија. Се гледаме наскоро во Скопје

Мени за пристапност