Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Од 1 октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите

Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата за есенско зголемување на пензиите и од кога се очекува нивната исплата, изјави:

„Да, од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување. А потоа и ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 кои што ги зборувавме за време на кампањата.“

Мени за пристапност