Добар ден и од мене.
Јас нема да се задржувам на деталите коишто веќе ги кажаа градоначалникот и министерот. Сакам да им се заблагодарам за тимската работа бидејќи ова е како што слушнавте капитален проект од витално значење и проект којшто има за цел да го подобри квалитетот на живот на населението коешто практично својата иднина ја гради токму овде, покрај овој проект.
Исто така ќе ми дозволите да се заблагодарам на градоначалникот на Чаир, копретседател на ВЛЕН којшто кога беше министер за животна средина и просторно планирање го отпочна практично да го движи овој проект којшто денеска станува реалност.
Да се заблагодарам на пратениците од Сарај коишто се борат за проект повеќе во Општина Сарај и мислам дека една ваква тимска работа резултира со повеќе проекти и резултира со подобри резултати само така можеме да го постигнеме она што граѓаните го очекуваат од нас, политичарите.
Оваа Влада останува да биде посветена на реализирање на проектите, на ветувањата тоа што сме го преземале како обврска. Не е лесно предизвици има многу, нема да очајуваме бидејќи проблемите коишто се наталожиле со децении не може да се решат преку број, но бараме начин, бараме можност повеќе за сето она коешто претставува приоритет на граѓаните да биде завршено.
Им благодарам и на граѓаните на Општина Сарај за тоа што беа толерантни, трпеливи да овие проекти почнат полека но сигурно да се реализираат и благодарам исто така на сите колеги од владата коишто заеднички покажуваат како се работи во интересот на граѓаните и во интересот на Македонија како држава.
Ви благодарам и на вас медиумите што еве денеска сте тука со нас и да се радуваме на вака успешни почетоци уште многу во периодот којшто следи.