Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Пуштен е во употреба затворениот базен во Кисела Вода, до крајот на летото ќе се завршат уште 4

Влада на Република Северна Македонија

Во прилог Ви ја испраќаме изјавата на премиерот Мицкоски од денешниот настан свечено пуштање во употреба на базен од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Општина Кисела Вода:
 
„Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани присутни овде на овој убав настан,

 

Јас немам што да додадам повеќе од тоа веќе го кажа и министерот и компанијата којашто го изгради овој објект и градоначалникот на Кисела Вода.


 Mожам само да им посакам долго да си го користат дечињата од ова основно училиште, но и сите основци од Општина Кисела Вода. 

 

Уште многу вакви проекти да завршиме. Многу е важно сето она што е почнато да се заврши, да не ги оставиме работите да бидат споменици на едно време, колку и тоа да ни се допаѓало или не допаѓало во минатото. Пари се трошени од граѓаните и мора истото да се заврши за да може да биде ставено во функција за да може граѓаните да го користат.


Следат уште 4 коишто до крајот на летото од овој изведувач ќе треба да бидат пуштени во функција. Она што јас можам да го кажам е дека остануваме Влада којашто ќе биде Влада насочена кон реализација на проекти, реформи и влада којашто гледа во иднината.

 

Нека е со среќа уште еднаш.“

Мени за пристапност