Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната средба со претставниците на Светска банка и извештајот што тие го подготвија за Македонија, изјави:
„Да вчера имав состаноци со претставници на Светска банка коишто се одговорни за нас како држава, за Македонија. Она коешто охрабрува е фактот дека ние сме единствената земја во регионот каде што нивелирањето, односно усогласувањето на проценката за раст е во позитивна насока. Односно ја започнавме годината со 2,6% раст на бруто домашниот производ, па потоа се нивелираше на 2,9% за да вчера излезе на 3,2%. Иако јас сум убеден дека оваа година растот на бруто домашниот производ ќе биде меѓу 3,5% и 4%, бидејќи во првото полугодие досега е 3,7%, после 3,1% во првиот квартал и 4,3% во вториот квартал. И очекувам да бидеме земја којашто ќе има, ако не најниска, меѓу најниските 2-3 инфлации во регионот и во Европа. И ако не највисок, тогаш меѓу првите пет највисок пораст на бруто домашниот производ во регионот и во Европа.“