Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа, и за се беа демантирани, Владата точно знае што прави

Влада на Република Северна Македонија

СДСМ континуирано води политика и ПР стратегија со која што ќе истура лаги. И они викаат, дајте да ги растуриме пердувите, па сите пердуви нема да можат да ги соберат, па некој ќе ни поверува. Дури оние во моментот, инстант ќе им поверуваат со тек на време се откажуваат да им веруваат бидејќи сфаќаат дека е лага, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски посочи дека СДСМ лажеа дека државата ќе банкротира, но не само што не банкротира, туку се зголемија и платите, дека мигранти ќе дојдат, но нема ништо од тоа, како и дека ИПАРД средствата за земјоделците се блокирани, но Брисел потврди дека нема никакви неправилности со фондовите.


Велеа дека ќе банкротираме, не банкротиравме. Напротив, се зголемија платите, се испочитуваа Колективните договори. Еве април помина, „мигранти дојдоа, азиланти?!, Еве април поминува, нема азиланти, понатаму велеа ИПАРД фондови, не блокираа, банкрот сме… еве Европската Комисија сама излегува и вика, „браво за владата, реагираше брзо и во рамките на шест месеци го одблокира процесот“, поради брзата реакција на владата процесот е одблокиран. Исто ја толкуваа и изјавата на Вајц. Излезе човекот вчера и многу јасно пренесе што имаше да каже и уште многу работи, и затоа предупредувам, секоја прес конференција, секоја изјава која што доаѓа од таму, многу со резерва да се прифаќа затоа што тоа е политичка партија кој што во овој момент не се бори за граѓаните, туку се бори да актуелното раководство на партијата после поразот на следните парламентарни избори да остане се уште да биде уште раководство, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека владата добро знае кои се приоритетите и кои политики да ги води.

Таа е нивната политичка стратегија и тоа е нивната, тоа е практично советот на нивниот од позадина политички гуру и им кажува што да прават. Затоа, бидете сигурни, точно знае што прави владата, точно знае кои се приоритетите, точно знае кои политики да ги води и ќе продолжиме во таа насока да ги водиме, порача премиерот Мицкоски.

Мени за пристапност