Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Со измените на законот за ангажирање на лица ќе се регулира работниот однос и на лицата коишто се пензионирани и на студенти

Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавените измени на законот за работно ангажирање на лица, истакна дека е тоа закон за кој којшто делумно има поддршка и од опозицијата.

 

„Тоа е закон во којшто ќе биде регулиран работниот однос и на оние лица коишто се пензионирани или оние лица коишто се студенти. Досега тоа некако се одвиваше и беше дел од сивата економија, со измените во овој закон тоа ќе се регулира. Целта ни е да ја зголемиме вработеноста, да ја зголемиме продуктивноста, а во насока на зголемување на перформансите на економијата“, истакна премиерот Мицкоски и додаде:

 

„Задоволни сме од резултатите во третиот и четвртиот квартал, тие се меѓу петте во Европа, над 3%. За првиот квартал од оваа година очекуваме исто така поволни резултати, ќе видиме како понатаму ќе се движи. Задоволни сме од нивото на странските инвестиции, тоа е историски највисоко. Задоволни сме што конечно извозот и индустриското производство, полека но сигурно почнуваат да растат. Така што сите перформанси во делот на економијата и сите оние индикатори покажуваат знаци на консолидирање, за разлика од тоа коешто во минатото претставуваше грабеж, пљачка и уништување“.

Мени за пристапност