Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Во услови на криза и наследени проблеми имаме највисок раст на БДП во регионот и гледано просечно по квартали тој е два пати подобар од времето на СДСМ и ДУИ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање посветено на економијата во контекст на растот на БДП и економската стабилност изјави дека  македонската економија сега бележи двојно поголем раст отколку првите 6 квартали на претходната власт.

Минатата година реалниот раст на БДП беше околу 3,5%, номиналниот околу 8,2-8,3%. Ако на тоа се додаде растот на БДП во 2024 кој реално беше околу 3%, а номинално нешто над 6%, тогаш можам да кажам дека овие 6 квартали од оваа Влада имаме просечен раст од околу 3,5% по квартал. Претходната влада во своите 28 квартали има просечно раст под 2%. И сега тие ќе речат 2020 година имавме корона криза итн, добро ајде првите 6 квартали да ги гледаме и повторно се под 2%. Ако ги споредуваме првите 6 квартали на оваа и на претходната влада, повторно 2:1 е разликата- рече Мицкоски.

Тој потсети дека мерките од ковидот кои ги преземаше претходната влада имаа за цел брутален поткуп на изборите во 2020 година и ги зголемија и државниот и јавниот долг за 10% од БДП

Она што е важно да се напомене е што овој раст во овие 6 квартали од 3,5% е во услови кога растот во Европа е едвај 1%. Ако го споредуваме било кој период на пример условно кажано најуспешниот период од 2006 до 2008 година кога растот бил 5,5- 6- 6,2% итн , растот во самата ЕУ бил толку. Тоа значи дека имало предуслови да се случи тој раст. Ние сега имаме 3,5% реален раст во услови кога Европа е околу1%. Понатаму Министерството за финансии го консолидира буџетскиот дефицит од наследени нешто над 4,5% од БДП и денес сме со цел да бидеме 3,5%. Минатата бевме под 4%. И во услови кога го консолидираме дефицитот ние имаме раст и реален и номинален, и покачуваме плати кои растат 8-9% и имаме најниски цени на горивата во регионот и во Европа- дообјасни премиерот и истакна дека се носат директни фискални мерки од буџетот.

Во услови на најголема криза на енергенси растат платите, дефицитот се намалува, инфлацијата се намалува и го плаќаме “солидарниот данок. Од овој месец почна да се враќа солидарниот данок кој што го зема претходната влада. А сега како почнуваат да пристигаат пресудите од Европскиот суд за човекови права кој се однесуваат на оној дозволен судски лимит, дополнителни трошоци ќе треба да се плаќаат од буџетот, кои да бидам искрен не се само од претходната влада на СДСМ и ДУИ направени, туку и од сите претходни влади. И таа бројка се проценува меѓу 700 милиони и една милијарда евра. Повторно оваа влада ќе треба да го врати- рече Мицкоски.  

Премиерот повтори дека и покрај сите наследени проблеми, во услови на криза, економијата има раст кој е најголем во регионот во 2025, а оваа година се очекува раст кој ќе биде поголем од буџетскиот дефицит што значи дека состојбата е консолидирана.

Мени за пристапност