Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: За три пати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

Мицкоски: За три пати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди на владеењето на владата на СДСМ и ДУИ и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, истакна:

Кога водите еден процеси и во политиката вие мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш вие лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да направам една компаративна анализа на неколку клучни параметри во економијата, еден од тие е јавниот долг, втор е БДП. Со БДП вие можете да ја оцените силината на една држава, а состојбата на бруто јавниот долг е практично колку вие сте позајмиле и вистински сте ги вложиле тие пари за да генерирате подобри економски резултати. Што е заклучокот? Ако се според периодот на претходната влада на СДСМ и ДУИ, со периодот на оваа влада ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, тогаш ќе дојдеме до следните параметри, за три пати пократок период БДП пораснал за 120 милиони евра повеќе. Значи за 120 милиони евра повеќе БДП за овие две години е поголем отколку за претходните шест години од претходната влада. Притоа јавниот долг е зголемен за нешто помалку од три пати. За нешто помалку зголемен јавен долг, а за три пати пократок период имаме зголемен БДП. Со други зборови три спрема еден. Отприлика таков е и односот на рејтинзите на политичките партии но такви се и резултатите во економијата. Дали е тоа доволно? Не. Дали треба уште треба да се работи? Да. Но, имајќи во предвид дека до пред три години бевме убедливо на дното во регионот, сега сме на прво или второ место кога станува збор за овие параметри.

Мени за пристапност