Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Започнува доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Аеродром

Мицкоски: Започнува доградба на ООУ „Гоце Делчев“ во Аеродром

Добар ден и од мене.
Јас немам што да додадам на ова што го кажаа и градоначалникот и министерката, повеќе. 
Уште еден ден, уште еден нов проект, уште една нова доградба на училиште. 
Тоа е практично нашата инспирација овие речиси две години откако сме избрани како влада, што повеќе проекти, што повеќе додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните. Така и ќе продолжиме како Влада и да работиме. 
Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на градоначалникот, на членовите на советот, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Аеродром, на министерката, на Министерството за образование и наука и се разбира на пратениците коишто доаѓаат од Општина Аеродром, од Изборната единица 1, членовите на Влада, коишто сите заедно допринесуваат да овие проекти се реализираат, за да можат, се разбира, нашите најмили дечињата да добијат соодветни услови за образование, за стекнување знаење, бидејќи тие се нашата иднина и тие се тие коишто треба утре да ја водат оваа наша заедничка Македонија. 
Така што, уште еднаш честитки, еве нека ни е аирлија и што побргу да биде готов овој проект. 
Ви благодарам.

Мени за пристапност