Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Земјоделството бележи раст, исплатени над 15 милијарда денари субвенции

Влада на Република Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на изјавите на опозицијата дека нема резултати во земјоделството и што покажуваат бројките, изјави:

„Видете, јас ги слушам од опозицијата најчесто, посебно од коалицијата СДСМ, Демократска унија за интеграција и Левица. Овие претходниве беа во Влада 7 години, ќе ве потсетам како да заборавивме каква катаклизма се остави. Неисплатени плати во АД Водостопанство, 3 плати не беа исплатени на работниците, сега тоа оди месец за месец, со самото тоа и придонеси. Акумулациите беа претворени во мочуришта, буквално, вклучително и тука во Кавадарци, Тиквешкото Езеро. Конкретно лозарите, среќа беше да добијат вода за наводнување на поседите, сега гледате со домаќинско работење тоа веќе не е проблем. Тоа е, како да кажам нормална работа, но кога ќе се спореди со состојбата тогаш, тогаш беше проблем. Неколку неисплатени плати во Национални шуми и долгови кон земјоделците по основ на директни плаќања од 2020-2021 година. Сега веќе ги завршуваме, со ребалансот ќе се доисплатат и за полјоделците и за млекарите од 2025 година. И веќе е почнат циклусот на пријавување за субвенции за директни плаќања во 2026 година. До сега се повеќе од 15 милијарди денари за две години, исплатени директни субвенции кон земјоделците. Имаме зголемување на производството и намалување на дефицитот, кога станува збор на увоз-извоз на земјоделски производи. 
Ете тоа се резултатите што можевме за овие две години, после онаа катаклизма којашто ја наследивме од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и сега по ново, на која што се приклучи во коалицијата и политичката партија Левица. Но тие тоа ќе го водат како политика и понатаму. Ќе се трудат да ја отежнат работата на Владата. А ние имаме своја цел, имаме фокус, имаме приоритети и врз основа на тоа, ние ќе ги водиме нашите политики. 
На крајот од денот, на избори граѓаните ќе гласаат. Многу ќе биде јасен изборот, од едната страна ќе биде коалицијата СДСМ, ДУИ и Левица, од другата страна ќе биде коалицијата којашто ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните ќе одлучуваат за кого ќе го дадат својот глас. Ако, нормално одлучат да го дадат за коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ, реформите, проектите ќе продолжат. Ако одлучат да го дадат гласот  за коалицијата ДУИ, СДСМ и политичката партија Левица, ќе имате работа со луѓе коишто се нихилисти, повторно ќе гледате фудбалчиња по канцеларии, ќе гледате како марихуаната станува вносен бизнис во државата, шверц, криминалците повторно ќе се вратат на улиците, ќе ги ослободат од затворите, значи тоа е разликата помеѓу едната и другата Влада. Така што националните предавства ќе се потпишуваат договори за сѐ и сешто. Ова што ние како Влада го нудиме е одбрана на достоинството, на интересите, на приоритетите, тоа се концептите коишто ги нуди коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во којашто се политичките партии СДСМ, ДУИ и Левица. Тоа е отприлика.“

Мени за пристапност