Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Мицкоски: Зголемен прометот од патарините кои завршуваат во буџетот, градиме градинки, училишта, инвестираме во болници

Влада на Република Северна Македонија

Нормализирањето на состојбите во државата значи домаќинско работење, базирано на чесност и принципи. Затекнавме држава во хаос, се бориме да направиме ред и доследност. 

 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски ме извести дека на наплатните рампи во Јули 2024 година има промет од 470.194.563 денари што е повеќе за цели 16.071.251денари, споредено со истиот период лани. 

 

Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. 

 

Инвестираме во болници, нови работни места.

 

Разликата е во тоа што се работи домаќински и одговорно. Опозицијата води политика на ситни страсти и со целосна безидејност критикува колку да критикува, но тоа нема да не поколеба да го поправиме тоа што тие го расипаа.

 

Исполнуваме за секој еден човек. Државата на народот.

 

#МакедонијаЗаТебе

Мени за пристапност