Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за економија и труд со целосна подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот расветлување на трагедијата која се случи во Кочани

Влада на Република Северна Македонија

Министерството за економија и труд изразува целосна подготвеност за соработка со надлежните органи во процесот на истражување и расветлување на трагедијата која се случи во Кочани.

 

Министерството ќе обезбеди целосна поддршка во сите законски постапки, осигурувајќи дека секоја прекршување на законот и злоупотреба на позицијата за лични профити ќе се третираат со соодветна сериозност.

 

Граѓаните имаат право да бидат информирани на вистински начин и да побараат отчетност. Министерството за економија и труд е посветено на гарантирање дека законот ќе се почитува и правдата ќе биде воспоставена.

Мени за пристапност