Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Исплатени над 2 милијарди денари кон 15.144 тутунопроизводители

Влада на Република Северна Македонија

Реализирана е исплата во износ од 2.028.714.243 денари кон 15.144 тутунопроизводители, директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2025 година.

Ова рекордна исплата на средства претставува силна поддршка и признание на трудот на тутунарите.

Тутунот останува една од стратешките земјоделски култури во државата, која има значајна улога во македонската економија.

Министерството ќе продолжи со креирање и спроведување на мерки кои ќе обезбедуваат одржлив развој во земјоделството.

Мени за пристапност