Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Николоски објави: Трет мобилен оператор за пониски цени на граѓаните

Влада на Република Северна Македонија

„Би сакал да објавам дека сериозно ја разгледуваме можноста за доделување лиценца за ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР.

 

Нашата анализа кажува дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји. На пазарот постои класичен дуопол. 

 

Затоа мора да бараме мерки да ПОЕВТИНАТ услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР.

 

Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар.

 

Време е државата да прави за граѓаните.

 

Исполнуваме!

За тебе!

 

Македонија за тебе!“, објави на својот Фб профил Александар Николоски.

Мени за пристапност